Транснационален состанок за проектот “Иницијатива за младинско вработување”

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На 16ти и 17ти јуни во Охрид се одржа првиот транснационален состанок на партнерите во рамките на проектот “Иницијатива за младинско вработување” (YEI) кој го спроведува Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР во партнерство со Asociatia Tineri pentru Comunitate Bistrita од Романија и Associazione InCo од Италија, со поддршка од Еразмус+ програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност.

Високатата стапка на невработеност на младите и нивното иселување претставува проблем за општеството не само кај нас, туку насекаде во светот, а пандемијата со КОВИД-19 дополнително ги продлабочи предизвиците за младите лица, особено младите од ранливите категории да пристапат на пазарот на трудот и да обезбедат економски приход преку вработување.

Партнерските организации го креираа YEI проектот со цел да им помогнат на младите да ги надминат бариерите при вработување преку обезбедување вештини, искуство и можност да го направат првиот успешен чекор во својата кариера.

Проектниот тим кој го сочинуваат претставници од партнерските истражува, анализира, споделува добри практики и активно работи на намалување на бројот на невработени млади лица преку обезбедување на услуги за поддржано вработување од страна на младински тренери.

На состанокот беа дефинирани следните активности, а наскоро следува повик за сите заинтересирани лица/младински тренери  кои би сакале да ги зголемат своите знаења и вештини преку учење за механизми и примери на добри практики за младинско вработување.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи