Лани се регистрирани 685 бесправно изградени објекти во Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2020 година, на територијата на Република Македонија се регистрирани 685 бесправно изградени објекти.

Според видот на објектот, бесправно се изградени 98 објекти за домување (14.3%), 114 доградби, надградби и адаптации (16.6%), 66 деловни објекти (9.6%), 52 гаражи (7.6%), 117 огради (17.1%), 4 скалила (0.6%), 14 тераси (2.0%), 11 летни тераси (1.6%), 85 настрешници (12.4%), 39 времени објекти (5.7%) и 85 помошни објекти (12.4%).

Најголем број бесправно изградени објекти (99.0 %) се во приватна сопственост.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи