Одбележан Меѓународниот ден на бегалците

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Народниот правобранител по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на бегалците, 20 јуни, кога целата меѓународната јавност своето внимание го насочува кон состојбите на присилно раселените лица, се приклучува кон апелот на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации за потребата од поголема инклузивност на оваа категорија лица, особено во областите здравство, образование и спорт.

Институцијата упати препорака до властите за целосно почитување на правата на овие лица и креирање политики што ќе придонесат за целосно интегрирање во заедницата.

„Глобалната пандемија со Ковид-19 уште еднаш ни покажа дека никој не може сам и дека е неопходно да бидеме заедно во решавање на сите потешкотии што ни ги носи денешницата. Па така, имајќи предвид дека инклузивноста е еден од клучните столбови на кои се потпира принципот на солидарност, а на чија идеја почива и самата конвенција на Обединетите нации за статусот на бегалците, Народниот правобранител по повод овогодинешниот Ден на бегалците упатува препорака до властите за целосно почитување на правата на овие лица и креирање политики што ќе придонесат за целосно интегрирање во заедницата, зачувувајќи го нивното достоинство и враќајќи им го чувството на безбедност и сигурност“, стои во соопштението од Народниот правобранител.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи