Тутунарите најавуваат протест поради ситуацијата во која се наоѓа земјоделието

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print
Поради лошите одлуки и решенија од страна на владата кон севкупното земјоделие, како предлог законот за продажба на државното земјоделско земјиште, недавањето подршка на измените на законот за тутун, како и последната одлука за зголемување на акцизата на горивата со така наречената еколошка такса, се уште неисплатениот 5ти ковид пакет за тутунарите како и неисполнетото ветување дадено од премиерот на тутунарите за просечна цена од 180-185 денари по килограм предаден тутун, неисплатените субвенции на сточарите,проблемите во лозаропроизводството, оризопроизводството, градинарството, сите земјоделски гранки се на раб на уништување, велат во денешното соопштение Тутунари од Македонија.
„Ние тутунарите ги повикуваме сите земјоделци без разлика на етничка и верска припадност, без разлика на партиската припадност ги покануваме сите: асоцијации, федерации, сојузи, здруженија од сите Земјоделски гранки да ни се приклучат и заеднички да изразиме општ револт и незадоволство од односот на властите кон нас земјоделците и заеднички да изнајдиме решенија за нашите проблеми. Сите оние кои им го посакуваат доброто на земјоделците и кои сакаат да дадат свои идеи размислувања и да се вклучат во организацијата на еден ваков општ Земјоделски протест“, истакнуваат Тутунари од Македонија, притоа додавајќи дека датумот и местото за протестот ќе бидат дополнително соопштени.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи