Што се случува со милионските проекти на градоначалникот Илија Јованоски? Дали по употреба од само неколку месеци се распаѓаат? Запраша денеска на прес конференција секретарот на ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп Робертино Илиоски.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Граѓаните денес видно револтирани сведочат за некакви ископини околу прескапо платеното мовче во Сточен Пазар. Градоначалникот Илија Јованоски да излезе во јавност и да одговори за што точно станува збор?
Го повикуваме, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, како што се сликаа пред камерите пред само неколку месеци кога го пуштаа мостот во употреба, да излезат денес на лице место и да ги информираат граѓаните што се случува?
Пред извесно време, сведоци бевме на ново раскопување и реконструктивни зафати на милионскиот булевар „Гоце Делчев“ во централното градско подрачје.
Тогашното образложение на локалната власт беше дека станувало збор за слегнување на земјиште, како последица на големата влажност предизвикана од врнежи на снег и дожд.
За жал, и малкуте реализирани проекти од програмата на Илија Јованоски, покажуваат големи недостатоци при најмали временски неприлики! По смената на локалната власт, се обврзуваме да преиспитаме каде завршиле парите на граѓаните.Ќе следува комплетна ревизија на и онака малку сработеното од градоначалникот Илија Јованоски и локалната власт.
Секој што се огрешил пред законот, ќе си сноси одговорност“, истакна Илиоски.