Најоштетените улици во Крушево денес се заменети со нов асфалт по долгогодишните барања на граѓаните.
„Продолжуваме со реконструкција на улици. Во моментов работиме на главната сообраќајница во град Крушево, а завршивме две улици со видно оштетен афалт. Успеавме да издејствуваме средства и да ги реконструираме овие улици. Им благодарам на граѓаните на трпението.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Општина Крушево веќе најави реконструкција на уште неколку улици кои заедно со главната сообраќајница ќе добијат нов асфалт.