ВИДЕО – Големо невреме ги зафати вчера Општините Прилеп, Крушево и Кривогаштани-уништен голем дел од родот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Силно невреме проследено со град со големина на орев вчера попладнето ги зафати трите Општини Прилеп, Крушево и Кривогаштани, односно атарот на селата Пресил, Бучин, Воѓани, Бела Црква, Обршани, Тополчани, па се реонот на селото Канатларци. Се работи за површина од околу 2.000 хектари, од која поголем дел е засадена со тутун, пипер и житни култури. Жителите се пожалија дека на некои места родот е уништен дури и до 100%.

Големи штети има направено, штетите се непроценливи, за ова нема поправен. Јас има тука 3 декари пипер, подолу 4 декари, вкупно 7 се е уништено, уништен ми е и кромидот“, вели Гоце Станојоски, земјоделец од села Бела Црква.

 „Ние имавме 30 декари пипер се е уништено, а планиравме да добиено околу 120 тони на пиперки“, додаде Драган Дукески, земјоделец од села Бела Црква.

 „Каде што имаше повеќе маса на тутунот е скоро 90 или пак 100 проценти оштетен, целосно, нема ништо. Помалиот тутун е малку удрен од градот, но мислам дека можеби со нив може нешто да се случи“, истакна Зоран Дебрешлиоски, жител на с. Чепигово.

Земјоделците велат дека ќе побараат помош од државата, затоа што и тие култури  кои не биле многу погодени од невремето биле премногу оштетени за да дадат квалитетен род.

Се што беше извадено на нива, насадено, се е уништено. Значи тоа што е помалку уништено, што е удрено од град тоа растение е веќе заболено. Ние сега треба повторно да вложуваме средства, па од нашиот буџет кој што е минимален, да вложуваме, да ги прскаме растенијата и не знаеме дали нешто од тоа ќе биди или само ќе се мачиме“, изјави Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здруженија.

Иако скоро секока година има невремиња од ваков тип, земјоделците не ги осигируваат псоевите. Се правдаат дека осигурителните копнии нереално им ја исплаќале штетата.

Годинава немам осигурено ништо, бидејќи не плаќаат, имавме години кога осигурувавме нон стоп.  Еднаш дадовме околу 850 евра, а кога фати невреме ни дадоа само 2.000 евра, ништо спрема штетата која ја иамвме“, рече Радослав Велески, земјоделец од села Бела Црква.

Барањето за обештетување ќе го поднеселе и до општините, но и до Министерството за земјоделство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи