Вчера се аплицирале 7 202 вакцини, 2 683 граѓани примиле прва доза

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 456.607 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 278.202 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 2.683 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 7.202 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 482.058 дози вакцини, а ревакцинирани се 203.856 граѓани.

Со последните бројки 50 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  45 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 38 % од населението над 60 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи