Започна Советот на ЕУ на кој треба да се донесе одлука за преговорите со Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денеска се одржува Советот за општи работи на ЕУ на кој министрите за европски прашања на земјите членки на Унијата треба да донесат одлука за одржување на првата Меѓувладина конференција со Македонија и со Албанија.

Португалија, која претседава со денешниот состанок, не се откажува од позитивна одлука, според нивните дипломати во Брисел.

Премиерот Зоран Заев повеќепати порача дека не сака да ги подгрева очекувањата на граѓаните. Бугарија за сега не дава знаци дека ќе попушти и покрај португалскиот дипломатски обид за медијација.

Повеќето земји членки не се подготвени да ги одвојат Скопје и Тирана во овој дел од процесот.

Македонија, како и Албанија, од 2018 чекаат формално да започнат овие преговори со ЕУ за кои сега и двете земји ги исполнија сите услови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи