Од 24 јуни влез за Македонци во уште една европска земја без ограничувања

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Медиумите во Холандија известуваат дека патниците од Македонија, како и од Албанија, Србија, САД, Либан и Тајван, можат да влезат во Холандија од 24 јуни без никакви ограничувања.

Според информациите, тоа значи дека патниците од овие 6 земји, вклучително и туристите, нема да мора да покажат тест негативен ПЦР тест или потврда за вакцинација и нема да мора да одат во карантин.

Одлуката ја објави Владата на Холандија, по препорака на Советот на ЕУ да ги додаде споменатите земји на списокот на епидемиолошки безбедни земји од третиот свет, на чии граѓани треба да им биде дозволено да патуваат во ЕУ.

Сепак, оние кои ќе дојдат во Холандија со авион, ќе мора да пополнат здравствена изјава, што некои авиокомпании дозволуваат да ја пополнат во дигитален формат пред летот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи