Пекинг стана градот со најголем број на милијардери во светот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Њујорк го загуби приматот на град во кој живеат најголем број на милијардери, за прв пат по 7 години. На првата позиција се искачи Пекинг, кој во 2020 година доби 33 нови милијардери, со што бројот бројот на луѓе кои поседуваат богатство вредно милијарда долари и повеќе се искачи на точно 100, или за еден повеќе од Њујорк каде живеат 99.

Сепак, и покрај тоа што Њујорк е на второ место, вкупното богатство на неговите милијардери е 560,5 милијарди долари, што е повеќе отколку што „вредат“ најбогатите во Пекинг, односно 484,3 милијарди долари.

Трет на листата градови со најголем број на милијардери е Хонг Конг, специјален административен регион на Кина, со дури 80 милијардери.

Покрај Пекинг, кинески градови со голем број на милијардери се и Шангај, Шенжен и Хангжу.

Податоците на „Форбс“ покажуваат дека една четвртина од исклучително богатите луѓе во светот живеат во само 10 градови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи