Прилепчанец притворен во Драч бидејќи превезувал 324 килограми кокаин во камион

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Судот во Драч му одреди мерка притвор на македонскиот државјанин Назиф Ајровски (40), возач на камионот во кој албанската полиција откри 324 килограми кокаин.

Како што пренесува Топ Чанел, најпрво рочиштето било одложено поради недостиг на официјален преведувач, а потоа судијата Реџеп Бектеши го потврдил апсењето во делот на кривичното дело „недозволена трговија со наркотични средства“ и му одредил мерка на безбедност „затворски притвор“.

Дрогата – кокаин во вкупна количина од 324 килограми и 400 грама, пакувана во 300 пакетчиња, е откриена на 18ти јуини во 22:30 часот во камион со македонски регистарски ознаки SK3720AT, бела боја, натоварен со метални плочи управуван од Назиф Ајровски од село Дебреште, Прилеп, Македонија.

На албанска територија преку преминот Ќафасан влегол претпладнето на 16ти јуни, а задржувањето по патот го објаснил дека бил приморан бидејќи се загревал моторот. Тој тврди дека немал никакви сознанија за дрогата, стои во досието на кое се повикува агенцијата Балкан веб.

Дрогата е открена со скенер на втората линија на контрола пред возилото да влезе во траектот кој пловел на релација Драч-Анкона, а требало да се растовари во Џенова.

Кокаинот бил во пакетчиња со логоата на Чикаго булс, Пари Сен Жермен, Кензо и Диор.

Продолжува соработката со македонската полиција со цел целосно расветлување на случајот, во кој основано се сомнева дека се вклучени повеќе лица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи