Просечната нето плата во април изнесува 28.438 денари

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2021 година изнесувала 28.438 денари, а бруто платата била 42.441 денари.

Според Државниот завод за статистика, просечната нето-плата годинава е поголема во однос на април лани за 10,1 %, додека бруто платата за 10 %.

Зголемувањето на просечната нето-плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите:

Уметност, забава и рекреација (28,6 %),

Финансиски дејности и дејности на осигурување (24 %) и

Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21,7 %).

Зголемувањето на бруто платата е резултат пред се на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите:

Уметност, забава и рекреација (28,3 %),

Финансиски дејности и дејности на осигурување (24,1 %) и

Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21,4 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на март 2021 е забележано во секторите:

Финансиски дејности и дејности на осигурување (21,4 отсто),

Уметност, забава и рекреација (3,7 %) и

Земјоделство, шумарство и рибарство (2,9 %).

Зголемување, пак, на просечната месечна исплатена бруто-плата во однос на март е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21,3 %), Уметност, забава и рекреација (3,4 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (2,9 %).

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи