Скопје станува поскап град за живеење, скок од 10 места на листата на Мерсер на годишниот извештај

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Годишниот извештај спроведен од американската компанија Мерсер рангира 209 градови во светот врз основа на споредба на трошоците за живот, што вклучува трошоци за домување, превоз, храна и забава, користејќи го Њујорк како компаративна основа.

Ашкабад, главниот град на Туркемнистан, кој беше втор на минатогодишната листа, се рангира во групата 10 најскапи градови за странски работници, во која има главно светски деловни и финансиски центри како Хонгконг, кој беше најскап лани и втор оваа година, потоа Токио (четврти), Цирих (петти) и Сингапур (седми).

Европските градови, исто така, беа рангирани релативно како поскапи од американските градови оваа година, што резултираше Њујорк дури и да не се најде меѓу првите 10, додека Париз се искачи од минатогодишното 50. на 33. место.

Што се однесува до најевтините градови за работници од странство, тука се вбројуваат Тбилиси, главниот град на Грузија (207. место), Лусака, Замбија (208) и главниот град на Киргистан, Бишкек (209).

Македонскиот главен град, Скопје се наоѓа на 192-то место на листата.Според листата од 2020 година, Скопје бил на 202 место, што претставува скок на листата од 10 места.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи