Прилеп има уште 24 активни случаи, 11 градови во Македонија немаат заразени од корона


Министерот за здравство Венко Филипче ја оценува состојбата со корона како стабилна, на што упатува малиот број на новодијагностицирани и на приеми во болниците.

Досега во Македонија се направени вкупно 856.274 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.627, бројката на оздравени пациенти е 149.877, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 273.

Според епидемиолошки анализи, во Скопје има 102 активни случаи, Куманово има 34, Прилеп има 24, Тетово има 23, Кичево има 20, Охрид има 14.

Единаесет градови се без активен случај:
Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Ресен, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево, Македонска Каменица и Дојран.

Во 7 градови има само по 1 активен случај.

Според статистиката, досега во светот се заразиле речиси 180 милиони луѓе, починале над 3,8 милиони лица, а оздравеле 163 милиони.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи