ССМ бара мерки за заштита на работниците од топлотниот бран

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Сојузот на синдикатите на Македонија бара Владата да донесе мерки за заштита на животот и здравјето на работниците и граѓаните затоа што, како што велат, според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска и во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината, а максималната температура ќе достигне  до 40 степени.

Во соопштението од Сојузот се дополнува дека во насока на справување со најавените високи температури, ССМ бара од работодавачите да ги почитуваат марките за безбедност и здравје при работа, да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот, како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови.

Нагласуваат дека од особено значење е да се утврдат соодветни мерки за заштита на здравјето и животот на возрасните, хронично болните и бремените работнички а доколку тоа право не се почитува ги повикуваат сите работници да пријават кај својот синдикален претставник, претставникот на работниците за БЗР и Државниот инспекторат за труд.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи