Брнз: Разочарани сме што ЕУ земјите членки не ја усвоија преговарачката рамка за Македонија


Денеска американската амбасадорка Кејт Мери Брнз, на првиот Скопски економски форум нагласува дека тие се разочарани што ЕУ земјите членки не успеаа да ја усвојат преговарачката рамка за Македонија.

„Македонија ги надмина политичката нестабилност и презема важни демократски реформи. Стана стабилен партнер за безбедноста и напредокот на целиот регоон и покажа дека е подготвена да ги заврши тешките задачи неопходни за остварување на стртаешките цели. Потпишувањето на Договорот од Преспа, членството во НАТО и отворање на патот кон ЕУ се само дел од позначајните успеси и сега е време за инвестициите и трговијата да почнат да носат економски бенефит од овие политички победи. Време е за економскиот раст да се зголеми“, истакна Брнз.

Целите на САД на Балканот, нагласи Брнз, остануваат јасни и не променети, посочувајќи дека во иднина регионот го гледаат во мир со своите соседи, стабилен и целосно интегриран во евроатлантската рамка.

На крај на денот, Брнз порачува дека Македонија припаѓа на Европската унија и иако е долг пат, важно е да се продолжи со напредок.

„Чекорите на овој пат се од особена корист за граѓаните на земјата. Чекори како јакнење на владеењето на правото, борбата против корупцијата, подобрување на инфраструктурата, интегрирање на економијата со соседите, создавање на клима за инвестирање и бизнис, се работи кои не се само критериуми за ЕУ, туку се особено важни и за граѓаните на Македонија“, вели Брнз.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи