Грција блокира 3 меморандуми бидејќи Заев не напишал придавка „северна“ во твит за македонската фудбалска репрезентација


Весникот „Катимерини“ пишува дека Атина ќе ја одложи парламентарната ратификација на три меморандуми за соработка помеѓу двете земји, што место во јули, ќе се случи најрано во септември. Ова било порака до Заев да разбере дека има обврски што не смее да ги игнорира.

Премиерот Зоран Заев следејќи го натпреварот меѓу Македонија и Холандија, во понеделникот на својот профил на Твитер објави објави дека во друштво на неговиот холандски колега Марк Руте ги бодри маледонските репрезентативци преку твит во кој пишува:

„Денеска од стадионот во Амстердам давам силна поддршка на македонската фудбалска репрезентација. Благодарност до холандскиот премиер Марк Руте за поканата заедно да го следиме натпреварот. Без разлика на резултатот од мечот, од денес МКД и NED се уште поблиски“

По ваквата објава портпаролката на грчката Влада, Аристотелија Пелони го предупреди премиерот дека го крши Преспанскиот договор кога го спомнува „македонскиот фудбалски тим“, без да ја користи придавката „северна“.

„Бараме целосно спроведување на Преспанскиот договор во духот во кој е потпишан. Го повикуваме господинот Заев да се воздржи од ширење реторика на поделби, особено во чувствителни прашања како што е фудбалот. Во секој случај, спроведување на догоорот е еден од критериумите за приемот на таа земја во Европската Унија“, изјави Пелони.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи