Многу топло време, утре и петок температура и над 40°C, активирано портокалово и црвено ниво на опасност

Facebook
Twitter
Email
Print


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ=9

Во Прилеп и регионот, темепературата ќе се движи од 16 °C до 37 °C.

УХМР со актуелно предупредување:

Продолжува периодот на многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Во следните денови во повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени.

Најтопло ќе биде утре и во петок кога температурата на места особено на југоистокот ќе го надмине и 40-тиот степен и ќе биде активирано портокалово, а во некои делови и црвено ниво на опасност од високи температури.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи