Прилеп ќе добие мониторинг станица за мерење на квалитетот на воздухот


Прилеп и Берово ќе добијат мониторинг станици за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух, објави Министерството за животна средина. Ова се првите мерни станици кои ќе бидат дел од државниот мониторинг и со кои граѓаните секојдневно ќе имаат увид во вредностите на осум потенцијални загадувачи на воздухот.

„За оваа година е планирана да се реализира набавка на две нови мониторинг станици, за што во буџетот на министерството се обезбедени средства во висина од 14, 4 милиони денари. Врз основа на оценката на квалитетот на воздухот и претходно изготвените студии за мониторинг на квалитетот на воздухот, станиците ќе се постават во Прилеп и Берово“, посочуваат од министерството.

Покрај мерењето на концентрацијата на ПМ 10 и ПМ 2.5 честичките, станиците ќе мерат и озон, азотен моноксид, диоксид и оксиди, сулфур диоксид и на јаглероден моноксид.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи