Филипче: Протоколите за враќање на учениците на училиште од септември се скоро готови


Скоро се готови протоколите за враќање на сите ученици во училиштата во новата учебна година, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Протоколите се скоро готови, има уште некои технички детали кои го работат работната група од Министерството за образование и наука (МОН) и епидемиолози од Комисијата за заразни болести. Се однесува на тоа ученици да се присутни 100 %, т. е целото одделение или клас. Мерките се однесуваат на тоа да нема мешање на различни класови, и мерки за дезинфекција“, кажа Филипче.

Филипче кажа и дека како ќе стигне очекуваната од 600 илјади ковид вакцини, со нив ќе се вакцинира и цел наставен кадар.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи