Данска велосипедска амбасада: Неодговорно е градските лидери да не обезбедат безбедна средина за учениците сами да одат на училиште

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Велосипедската амбасада на Данска објави податоци за тоа какво превозно средство користат данските ученици до училиште.

38% од данските ученици одат со велосипед на училиште;

35 % одат пеш;

9% користат скутери, скејтборди или ролери;

7% користат велосипед од родителите;

4% го користат јавниот транспорт;

7% користат кола (приватна или такси).

„Да одат децата самостојно и независно до училиште пеш или со велосипед не е неодговорно. Неодговорно е градските лидери да не обезбедат средина, доволно безбедна за децата да одат сами до училиште“ – порачуваат од Велосипедската амбасада.

Велосипедизмот е исклучително важен во Данска бидејќи се смета за одржливо урбано средство за превоз. Последните анализи покажуваат дека повеќе од 97% од данците се задоволни од условите за возење велосипед.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи