Заев: ФФМ не го почитува законот за спорт, треба да се почитува Преспанскиот договор

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во вчерашното интервју во „Топ Тема“ на телевизија Телма, премиерот Зоран Заев изјави дека Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) сепак треба да го промени своето име за да биде во согласност со „Преспанскиот договор“.

„ФФМ во неколку наврати сум кажал дека не го почитува законот за спорт. Јас очекувам федерациите дури и кои не земаат пари и другите здруженија, да го следат уставното име на државата. Не дека не е горчина и кај мене, тоа е завршена работа и тоа е нешто што ни обезбедува иднина. Не ни требаат нови непријателства.

Сите невладини институции, приватни или правно-приватни субјекти, ако примаат пари од буџетот, тоа треба да го направат. Во јануари ФФМ има примено пари од Агенција за млади и спорт, на име младински-кадетски категории. Очекувањата се да си постапат согласно Уставот и законите на државата, затоа што Преспанскиот договор е ратификуван и тоа е законот. Законите треба да ги почитуваме во државата“, кажа Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи