ИО „Феникс“ организира собирачка и рециклирачка акција во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Извидничкиот одред „Феникс“ Прилеп организира собирачка и рециклирачка акција на веќе употребена хартија за рециклирање како и акција за донирање на употребливи книги, сликовници, лектири што ќе бидат подарени на деца од ранливи групи и во училиштата од руралните средини.

Акцијата ќе се спроведе во сабота во период од 09 до 13 часот на градскиот плоштад.

„Исчистете си ги шкафчињата и фиоките, кажете им на вашите другарчиња да го направат истото и дојдете во САБОТА (26.06.2020) во период од 09 до 13 часот, на градскиот плоштад и предадете ја сета хартија што веќе не ви е потребна (испишани тетратки, работни, книги, листови, хартија кутии од производи) на нашите волонтери, што се надевам дека сите ја имаме во купови по дома.

Израдувајте некое детенце донирајќи исто некоја книга или сликовница.

Се гледаме во САБОТА, со извиднички поздрав ЗДРАВО!“, порачуваат од ИО „Феникс“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи