Определени стручни комисии за проценка на штети од неодамнешното невреме

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Советот на општина Прилеп денеска одржа итна седница, со единствена точка на дневниот ред: Усвојување Решение за определување стручни комисии за проценка на штети во населените места Тополчани, Чепигово, Тројкрсти, Алинци, Канатларци, Ерековци и Клепач.

Претседателот на Комисијата за елементарни непогоди, Жарко Северкоски, рече дека на седницата на Комисијата било разговарано за последиците од невремето проследено со силен дожд, град и ветер, кое во понеделникот на 21 јуни ги зафати овие населени места во општина Прилеп, а кое нанесе големи штети на земјоделските култури.

За таа цел, до Советот беше доставен предлог за формирање две тричлени комисии, кои без дискусија беа усвоени од страна на советниците.

Првата комисија ја сочинуваат:

Зоран Пачешкоски, претседател

Абдула Бајрамоски, член

Стеван Велјаноски, член

Втората комисија е во состав:

Жани Петанчески, претседател

Дејан Ѓокоски, член

Александар Ѓорески, член

Задача на стручните комисии е да извршат непосреден увид и проценка на штетите. При проценката, стручните комисии ќе се раководат од основните принципи за штетите предвидени со Единствената методологија за проценка на штети од елементарни и други непогоди.

Проценката на штетите треба да биде извршена во рок од 30 дена од подигнувањето на барањата од архивата, или со преземање на барањата од веб страната на Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи