Филипче: Од септември повисока плата за медицинските сестри и техничари кои од 2015 завршиле високо образование

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Започнувајќи од септември на медицинските сестри и техничарите ќе им биде платено високото образование во коешто инвестирале, а од 2015 наваму не се во можност да го валоризираат преку својата плата, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче по работниот состанок со директорите на ФЗО на РСМ Стево Крстевски и Фатон Ахмети, Претседателот на Самостојниот Синдикат за здравство, фармација и социјална заштита д-р Љубиша Каранфиловски и претставниците на Здружението на Медицинските Сестри, Техничари и Акушерки.

„Драго ми е што ова е еден начин на зголемување на примањата на една категорија на здравствени работници коишто навистина несебично се дадоа себеси во менаџирањето на ковид кризата. Со добра комуникација со синдикатите и здруженијата, продолжуваме и натаму да ги подобруваме условите за работа на сите здравствени работници“, рече Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи