Пеколно жешко време со температура околу 40°C

Facebook
Twitter
Email
Print


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. УВ=9

Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 18 °C до 38 °C.

УХМР со актуелно предупредување:

Продолжува периодот на многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината.

Најтопло ќе биде денес и утре кога температурата на места особено на југоистокот ќе го надмине и 40-тиот степен и ќе биде активирано портокалово, а во јужновардарскиот регион црвено ниво за опасност од високи температури.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи