ВИДЕО – Општините Прилеп, Кривогаштани и Крушево формираа Комисии за проценка на штетите од големото невреме

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Општините Прилеп, Кривогаштани и Крушево веќе формираа комисии кои треба да излезат на терен и да ја утврдат штетата која пред 4 дена ја направи силното невреме проследено со град со големина на орев кое го поготи атарот на селата Пресил, Бучин, Воѓани, Бела Црква, Обршани, Тополчани, па се реонот на селото Канатларци. Се работи за површина од околу 2.000 хектари, од која поголем дел е засадена со тутун, пипер и житни култури. Жителите се пожалија дека на некои места родот е уништен дури и до 100%. Од Комисјата во Прилеп ги охрабруваат земјоделците да ги пријават штетите, но само оние кои навистина имаат претрпено штета без да се прават манипулации.

„Сите оштетени земјоделци да не слушаат никакви муабети, да не читаат никакви Фејсбук страни и профили дека нема да бидат исплатени или слично. Јас ги мотивирам сите оштетени земјоделци да ја пријават штетата, ќе биде извршена реална проценка, бидејќи ние претходно во 2 наврати успеавме да ги обештетиме земјоделците во Мало Коњари, Големо Коњари и Варош со сума од 450.000 евра, во Канатларци се обештетени со сума од 270.000 евра евра и плус 100.000 евра од Општината“, истакна Зоран Пачешкоски, раководител на МЗШВ во Прилеп.

До овој момент во Прилеп имало поднесено 50 барања, а рокот за поднесување е до 2 јули. Барањата за штета земјоделците треба да ги поднесуваат во зградата на локалната самоуправа.

„Затоа се формирани овие 2  стручни комисии кои ќе излезат на лице место. По првичните проценки каде сме поминале на лице место има оштетеност од 40% па се до 80%“, вели Жарко Северкоски, претседател на Комисија за елементарни непогоди при Совет на Општина Прилеп.

Според првичните приоценки култура која претерпела најголема штета засега е тутунот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи