ВИДЕО – Се зголемува интересот на младите за зачувување на фолклорот-ќе се одржи 47-от Фестивал „Пеце Атанасовски“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Се зголемува интересот на младите за зачувување на македонскиот фолклор, музика, песна и традиција. Доказ за тоа бил големиот број на млади кои годинава ќе земат учество на 47-мото издание на Фестивалот за народни песни и инструменти „Пеце Атанасовски“ кој на 2 и 3 јули ќе се одржи во Прилеп и Долнени. Комисијата годинава имала тешка задача да одбери околу 330 учесници од околу 600 колку што биле пријавени. Освен за фестивалот кај младите имало и голема желба да учествуваа на семинарот за народни песни и инструменти, кој годинава по 9 пат ќе се одржи во состав на Фестивалот.

„Покрај тоа што се зголемува бројот на учесници, на семинаристи, се зголемува и бројот на учесници на фестивалот. Се повеќе и повеќе имаме и млади учесници кои што ги исполнуваат традиционалните инструменти. Тоа ни беше и целта на самиот фестивал, да го вратиме оној интерес на граѓаните за изучување на традиционални инструменти и песни. Од година во година се зголемува интересот, тоа можеме да го видиме и на самите фестивалски вечери имаме доста млади учесници кои се вљубеници во фолклорот“, М-р Горан Василески, фолклорист – секретар на Фестивалот.

На Фестивалот учество ќе земат групи и поединци буквално од цела Македонија.  Првата вечер на плоштадот „Александрија“  во Прилеп ќе настапат 190 учесници, а на втората вечер на Рудина во Долнени ќе настапат останатите учесници.

„ Мерките остануваат се разбира, меѓутоа бидејќи ние сме на отворено сепак и тоа ни е во организациониот дел, дека дел по дел групите каде што се сместени за вечерите и ручеците, потполно ќе ги придржуваме мерките, една група оди, па си заминува, па наредната група и така нема да ги собираме сите на едно исто место преку 300 учесници“, истакна Донка Бачанова, технички секретар и член на Управниот одбор на фестивалот.

И годинава ќе бидат доделени 13 награди на фестивалот како и главната награда „Гајдата на Пеце Атанасовски“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи