ВИДЕО – Бериша : Ромите се дел од ова општество и не се граѓани од втор ред

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Она што сакам да го потенцирам е дека Ромите не се граѓани од втор ред и дека истите не заслужуваат да бидат дискриминирани, тоа го кажувам од аспект на вчерашниот настан. Истакна на денешната прес конферецнија Џенгис Бериша, од НВО СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп.

Изјавата ја пренесуваме во целост.

 „Сите знаете дека градскиот базент почна со нудење на јавни услуги, морам да потенцирам дека станува збор за јавни услуги, заради тоа што секој има право да користи таква јавна услуга. На неколку наврати свесни сме дека изминатите години, а и сега на Ромите не им е дозволен пристап во јавни услуги, посебно во градскиот базен.

За ваквата негативна пракса која што искрено ја осудуваме и денес на покана на градоначалникот баш ни е чест што и Општина Прилеп го препознава како системски проблем и го поддржува нештово.

Ние одлучивме дека ќе ги искористиме сите правни механизми, а тоа е дека ќе поднесеме претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, дополнително ќе поведеме судска постапка, бидејќи знаете дека со новите измени на Законот за спречување на дискриминација, овозможено е да се поднесе акциопопуларис тужба, а тоа значи дека Здружението има право да поднесе тужба во интерес на заштита на поголема група на граѓани, бидејќи станува збор за вчера вратени околу 50 лица на кои не им беше дозволен влез и оневозможено правото на користење на јавна услуга.

Истото ние го документиравме, ќе биде тоа поднесено до институциите на државата, а дополнително ќе се организира од самата ромска заедница мирен протест, кој ќе се одвива од населбата Тризла до градскиот базен и со тоа да го искажат револтот за недозволувањето на влезот, бидејќи како што потенцирав на почетокот, Ромите се дел од ова општество, живееме во иста држава и не се граѓани од втор ред“, вели Бериша.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи