Во Израел пронајдени остатоци од нов вид на праисториски човек

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Научници од Универзитетот во Ерусалим и од Универзитетот во Тел Авив излегле со неверојатно откритие на коски од досега непознат вид на праисториски човек.

Станува збор за коски откриени уште во 2010 година во израелски каменолом во Нешер Рамла по кој што го добиле и името, југоисточно од Тел Авив. Коските датираат од пред околу 130.000 години и станува збор за уникатни примероци. Научниците ги споредувале со остатоци и фосили од целиот свет кои потекнуваат од различни периоди, но не се совпаѓале со ниту еден од нив. Според тоа, заклучиле дека станува збор за остатоци од непознат вид луѓе кои се блиско поврзано со неандерталците и со нив делат заеднички карактеристики.

Овој нов тип на луѓе имале големи заби, а немале брада (во анатомска смисла).

„Морфологијата на луѓето Нешер Рамла споделува карактеристики и со неандерталците (особено забите и вилицата) и со архаичниот хомо (черепот). Истовремено, овој вид луѓе е многу различен од современите луѓе, има целосно поинаква структура на черепот, многу големи заби и нема брада“, изјавија научниците.

Нешер Рамла Хомо живееле во сооднос со хомосапиенсот во период од околу 100.000 години, што најверојатно довело и до нивно вкрстување и создавање на неандерталците, кои подоцна се рашириле во Европа и Азија.

„Ова откритие повторно ја обликува приказната за човечката еволуција, особено на Неандерталците. Општата слика за нивната еволуција досега се врзуваше за Европа. Сè почнало во Израел. Претпоставуваме дека локална група била извор на популацијата. За време на меѓуглацијалните периоди, Нешер Рамла луѓето мигрирале од Азија во Европа“, вели Хила Мај од Универзитетот во Тел Авив.

Ова ново истражување ги поддржува претходните студии кои покажаа дека хомо сапиенс и групи слични на неандерталците се преклопуваат на Блискиот исток за значителен временски период, веројатно неколку десетици илјади години.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи