Донација од САД ја зајакна лабораторијата на Институтот за јавно здравје

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Со донација од САД, лабораторијата на Институтот за јавно здравје го зголемува капацитетот и станува регионален центар во кој на соодветен начин ќе се детектираат секаков тип патогени предизвикувачи на каква било болест, а со тоа земјава станува целосно подготвена да менаџира каква било криза која во иднина евентуално може да се појави кај нас и во регионот. Како единствена во регионот експертите од нашата лабораторија ги обучуваат експертите од БиХ, Албанија и Косово. Опремата во вредност од над 570 илјади американски долари е донација од САД.

„Заедно со амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз го означуваме почетокот на работа на еден многу важен дел во целото менаџирање на оваа криза, а тоа е лабораторијата за миркобиологија во рамки на Институтот за јавно здравје. Институто е токму тој кој изминатата повеќе од година интензивно работи на менаџирање на целокупната криза, како во делот на претклиничкото менаџирање, така и во делот на мерките и препораките, но и вработените во оваа лабораторија кои се практично 24 часа присутни целата измината година за да работат и ги зголемуваат капацитетите во делот на тестирањата, но и во овој дел што го направивме. Тоа е надградба која е единствена во регионот и има biosafety level 3, што значи дека се на соодветен начин акредитран да детектираат секаков тип патогени предизвикувачи на каква било болест. Тоа значи дека сме целосно подготвени  да менаџираме  каква било криза која во иднина евентуално може во смисла на нов бран, не само нас, туку да не снајде и целиот регион“, рече министерот Филипче.

Според него, токму на овој начин САД покажаа што значи партнерство, да се биде блиску до земјите кои соработуваат, да се зајакнат системите не само еднократно, туку да се зајакнат трајно за да може да менаџираме било каква криза. Не занеме, потенцира, што може да се случи во есенските месеци, не знае ниту една земја во светото, меѓутоа сега сме целосно подготвени.

Лабораторијата со оваа донација станува Регионален ценатр, кој, како што рече министерот за здравство, Светската здравствена организација  го препозна ова надградување на капацитетитот и како единствена лабораторија во регионот нашите ги обучуваат и експертите во Албанија, Косово и БиХ.

Со оваа донација од 570 илјади долари, досега САД на нашата земја за зајакнување на здравствен систем е близу два милиони долари,  со кој беше доделена лична заштита на опрема, потоа респираторите, потоа медицинска опрема итн.

Американската амбасадорка Брнз истакна дека овој проект, донација на САД, е започнат уште  во 2018 година пред да знаеме дека ќе се појави Ковид пандемијата и претставува инвестиција во здрaвствената безбедност на нашите партнери, што беше неопходна.

„Иако малку знаевме за тоа колку важна улога за време на пандемијата ќе има оваа лабораторија во тестирањето и прибирањето на податоци кои потоа беа користени за информирање на јавноста во криричниот период, многу сме задоволни што и покрај многу малото доцнење бевме во можност дури и за време на пандемијата да работиме на реновирањето и проектот успешно да го завршиме минатата недела. Особено сум горда што ова нуди нов потенцијал за напредување. Една од работите што ја научивме од пандемијата е дека можеме да ги победиме глобалните предизвици само со заеднички напор, со инвестирање во лекарите, во научниците. Како и во САД и тука вашите лекари и научници беа предводници на тој пат“, рече Брнз.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети истакна дека со оваа донација ги издигнуваат микробиолошките капацитети  и дека ќе се работи нешто што досега не е правено во државата.

Изрази благодарност за донацијата што е направена во овој временски период на криза што помогнаа со опрема за детекција и реагенси за Ковид 19. – Со ова ја издигнавме нејзината подготвеност за справување со биолошките закани од повисок степен во земјава, рече Шабани.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи