Одбележана годишнината од раѓањето на претседателот Борис Трајковски

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Со полагање цвеќе и пригодна програма пред споменикот „Македонија”, подигнат во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, денеска беше одбележана 65 годишнината од неговото раѓање.

Цвеќе положија градоначалникот на Струмица Коста Јаневски заедно со претставници на Советот на општината, членови на семејството Трајковски, граѓани, политички партии и здруженија.

„Многу пати досега сме зборувале за животниот и професионалниот пат на нашиот сограѓанин и секогаш тие наши навраќања за неговиот живот и дело изобилувале со бројни факти, потсетувања на значајни настани и редица извадоци од негови изјави, но и изјави од други светски државници за него. Сето тоа станува дел од нашата меморија и причина да бидеме единствени во заложбата: „За претседателот Трајковски заборав не смее да има”“, рече во својот говор градоначалникот Јаневски.

На одбележувањето беа доделени наградите за најдобрите творби од распишаниот литературен конкурс во чест на Трајковски-„Миротворецот”, а наградените беа прочитани пред неговиот споменик.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи