Од вторник започнува етапната исплата на јунските пензии

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Oд вторник 29.06.2021 година, започнува етапната исплата на јунските пензии.

На последната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2021 година и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.06.2021 година.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 29 јуни (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

На банките им се препорачува преку нивните филијали и експозитури да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во 4 групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2021 година (вторник);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2021 година (среда);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.07.2021 година (четврток) и

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.07.2021 година (петок).

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи