Од понеделник ќе почнат исплатите за зголемувањето на платите во јавното здравство

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Од следната недела наеднаш ќе биде исплатено задоцнетото зголемување од 5% на платите за вработените во здравството, а од наредниот месец тоа ќе се исплаќа редовно 5 месеци како додаток за работа со ковид, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Health virology biosafety level 3 лабораторија, донација од САД.

„Денеска се префрлија средствата за зголемување на платите на сите вработени во здравствениот сектор, не само на здравствените работници. Имаше проблем со трезорскиот систем во Фондот, кој што вчера е надминат и од понеделник ќе почнат исплатите за зголемувањето на платите. Тоа значи дека сите заостанати од изминатите месеци пет проценти зголемувања почнувајќи од март, ќе бидат следната недела исплатени наеднаш, а од следниот месец редовно пет месеци како додаток за работа со ковид на сите вработени во системот на јавно здравство“, рече Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи