Колку чини горивото во регионот и Европа – Македонија нема најевтино гориво

Facebook
Twitter
Email
Print


Иако од владата тврдат дека македонските граѓани точат најевтино гориво во регионот, споредбите покажуваат дека Босна и Херцеговина има најниски цени на горивата. Кај нас, за една година цената на бензинот се зголемила за 21,5 денари, додека на дизелот за 17 денари. Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика бензините чинат од 1,12 до 1,16 евра, додека дизелот се продава за 1,00 евра.

Податоците за цените на горивата во соседните земји и земјите од Европа се од 22 овој месец.

Литар бензин во Босна и Херцеговина според овие податоци чини од 1,06 евра до 1,09 евра, а дизелот 1,05 евра, додека во Бугарија дизелот се продава по 2,02 евра за литар, а бензините имаат цена од 1,26 до 2,03 евра.

Во Србија моменталната цена на бензините се движи  од 1,27 до 1,36 евра, а на дизелот за 1,35 до 1,40 евро.

Во Хрватска цените на горивото се во пораст, па литар бензин е од 1,36 до 1,44 евра, а дизелот 1,30 евра, додека во Словенија бензинот чини од 1,19 до 1,31 евра, а дизелот 1,22.

Бензинот во Црна Гора чини 1,27 до 1,30 евро за литар, додека дизелот има цена од 1,13 евра.

Во Грција бензинот се точи за цена од 1,59 до 1,72 евра, а дизелот за 1,33 евра.

Во Албанијабензините имаат цена од 1,17 евра, додека дизелот чини 1,13 евра.

На европскиот континентнајниска цена на горивата има Русија. Дизелот  таму се точи за 0,54 евра додека бензините чинат од 0,54 до 0,60 евра. По неа следи Турција каде што  дизелот чини 0,69 евра, додека бензините имаат цена од 0,76 до 0,82 евра.

Во најразвиените европска економии цените се слични. Во Германија дизелот  чини 1,35 евра, додека бензините имаат цена од 1,55 до 1,58 евра, додека во Франција литар бензин се точи по цена од 1,54 до 1,60 евра, а дизелот има цена од 1,41 евро.

Австрија во која  бензините имаат цена од 1,22 до 1,38 евра, а дизелот 1,17 евра и Италија каде што  дизелот чини 1,48 евра, додека бензините се точат по цена од 1,61 до 1,65 евра.

Во Швајцарија, пак, цената на дизелот изнесува  1,54 евра, а бензините се точат по цена од 1,46 и 1,47 евра.

Во Велика Британија цената на бензините се движи од 1,43 до 1,56, а дизелот се точи по цена од 1,47 евра за литар.

Извор: Плусинфо

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи