Вакцинирани над 12.000 прилепчани – 4.000 веќе примиле и втора доза во пунктот во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Се интензивира вакцинацијата на регионалниот пункт во Прилеп. Кети Смилеска, директор на прилепската градска болница изјави дека над 12.000 прилепчани веќе се вакцинирале во пунктот во Прилеп.

„Денеска почна да се имунизира и помладата популација. Има 890 термини, а капацитетот е и до 1000 вакцинирања дневно. Дури 80 насто од граѓаните над 60 години веќе примиле вакцина. Досега се вакцинирани околу 12.000 граѓани од кои 4.000 примиле втора доза и очекуваме тоа да се забрза. Се смета дека уште околу 3.000 прилепчани се вакцинирале на други регионални пунктови. Деновиве преку стопанската комора чекаме да почне вакцинирањето на вработените во фирмите и во институциите, вели Смилеска.

Изутрината се вакцинираа инвалидизираните лица, а почна имунизацијата и на помладата популација.

„Денеска почнавме со вакцинација со фајзер, а и на Синовак, а тече ревакцинацијата со Астра зенека, со Синофарм и со Фајзер. Нема никакви проблеми и се надеваме така ќе продолжи“, вели доктор Сашо Пуцакоски, кој ја следи работата во вакциналниот пункт.

Од Министерството за здравство се очекуваат насоки за теренската имунизација во населените места, која што ќе се одвива напоредно со вакцинацијата во пунктот во Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи