ВМРО-ДПМНЕ : Срамно е што Општина Прилеп си организираше „приватна забава” за одбележувањето на годишнината од убиството на Ѓорче Петров

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Квази патриотите, односно оние кои го забетонираа македонскиот идентитет, име, нација, јазик и култура, денеска повторно во само за нив добро познат стил, си организираа „приватна забава”, спонзорирана од парите на граѓаните, се вели во денешната реакција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, по повод одбележувањето на

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

„Имено оние кои ветуваа живот за сите и дека нема да има поделби во општеството, не само што дополнително ги поделија луѓето по сите основи, туку и се однесуваат како да имаат свое ексклузивно право над великаните, кои пак секојдневно ги распродаваат со разно- разни договори, анекси.

Денеска Градоначалникот Илија Јованоски, заборавајќи дека е градоначалник на сите граѓани и организации, обземен од желбата да добие втор мандат, за да го дозапусти градот, сам си организираше положување на цвеќе на споменикот од Ѓорче Петров по повод 100 годишнината од неговата смрт.

Бедно и ниско однесување. Жално беше покажувањето дека сте патриоти и дека се грижите за прилепските великани, од кои повторно потенцираме, секојдневно се откажувате и ги отстапувате на други држави. Срамно за ЛС да не вклучува и други претставници во одбележувањето. Или сметаат дека се неприкосновени владетели врз градот и граѓаните“, се вели во реакцијата на Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи