Мери Мирческа избори пласман во топ 10 на Kaiserkrone и продолжува на светското првенство во skyrunning


Викендов се одржа трка од светското првенство во skyrunning на патеката Kaiserkrone во Австрија, што воедно преставува и Австриско државно првенство.

Станува збор за дводневен натпревар каде што има 5 трки, во должина од 115 километри и 8.460 метри елевација, односно висинска дистанца и преставува вистински предизвик дури и за искусните планински тркачи.

Првите 10 тркачи од машка и од женска конкуренција се квалификуваат и продолжуваат понатаму, а токму прилепчанката Мери Мирческа се најде меѓу првите 10 девојки на оваа екстремна трка.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи