Одбележана100-годишнината од убиството на Ѓорче Петров


Денеска се навршуваат 100 години од убиството на револуционерот Ѓорче Петров.

По тој повод, делегација на локалната самоуправа на општина Прилеп, предводена од градоначалникот Илија Јованоски, како и претставници на општинскиот Совет и СОУ „Ѓорче Петров“, положија цвеќе пред споменикот на Ѓорче во центарот на градот и пред спомен-плочата на неговата родна куќа во населбата Варош.

Ѓорче Петров е роден на 2 април 1865 година. Станува збор за личност кој целиот свој живот го посветил на борбата за слобода на македонскиот народ. Петров бил македонски професор, публицист, историчар, еден од најверните идејни соработници на Гоце Делчев, идеолот и истакнат заштитник на целите и на принципите на Македонска револуционерна организација.

Се школувал во Прилеп, Битола, Солун и во Пловдив. Бил учител во Штип (1886-1887). Како учител во Скопје (1888–1891) соработувал со митрополитот Теодосиј Гологанов и ја поддржувал неговата идеја за возобновување на Охридската архиепископија.

Иако бил противник за предвремено кревање востание на македонскиот народ, тој зел активно учество во Илинденското востание од 1903 година.

Ѓорче Петров бил противник на врховизмот и на делбите на Македонија на Версајската конференција. Една од историските верзиии е дека на денешен ден пред точно 100 години бил убиен во Софија, Бугарија по наредба на Тодор Александров, што не е потврдено.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи