Шаторо: Бевме воспитани да даваме, а не да земаме, сега само се зема, а не се дава, зато сме на ова дереџе


Гостин во првото хумористично-сатирично шоу,  „Пејо си знај“, во продукција на Инфо Компас, а во соработка со актерот Игор Трпчески, е првиот градоначалник на Прилеп, Илија Димоски – Шаторо.

Целта на емисијата е на сатиричен и хумористичен начин да ги проследува слувањата во регионот. За да тргнеме од некаде ни беше потребна поjдовна точка. А што би било тоа освен да се вратиме на самиот почеток – далечната 91-ва.

За сите згоди и незгоди поврзани со првите години на Прилеп во самостојна Македонија, референдумот, бегалците од Босна, поставувањето на крстот на Градскиот Саат, премрежјето околу немањето на вода, за тоа како функционирале партиите тогаш и сега и кога имало поголема демократија тогаш или сега, Шаторо во негов препознатлив стил ги објаснува овие времиња.

Можност да се потсетиме како било пред 30 години, но и дадеме одговор на прашањето со која жар сме ја граделе оваа држава, а на кое дереџе дојдовме денес и зошто сме таму каде што се наоѓаме?

Сето ова проткаено со голема доза на хумор и мајтап, карактеристична за прилепската легенда – Шаторо.

Уживајте во емисијата!


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи