471 санкции за пребрзо возење

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во текот на вчерашниот ден (27.06.2021) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 471 возачи. Од нив, 78 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Најмногу санкции се изречени на територија на СВР Куманово-84, СВР Охрид-67…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи