Анализа на ЦГК: Секој трет тендер бил поништен во 2020

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември 2020 година, како и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите.

Главниот заклучок е дека расте отфрлањето на понудите на фирмите на тендерите, секој трет тендер се поништува.

Од мониторингот на јавните набавки:

Поништувањата на тендерите стигнаа до 33 %, што е највисоко ниво во последните неколку години. Најмногу поради немање понуди или поради неприфатливи понуди.

Во пораст е отфрлањето на понудите на фирмите на тендерите поради проблеми со документацијата или со понудените предмети на набавка.

Контролирани се само 1 % од тендерите во земјава и во секој петти контролиран тендер се пронајдени неправилности.

Конкуренцијата кај локалните тендери останува значително пониска отколку кај тендерите на институциите на национално ниво.

Во жалбената постапка се намалува уделот на уважени жалби од фирмите, а расте уделот на одбиени жалби.

Од овогодишната анкета на фирмите:

Проблем број еден во јавните набавки за 77 % од фирмите е ’најниската цена‘ како критериум за избор на најповолната понуда.

Дека фирмите се договараат на тендерите сметаат 60 % од испитаните фирми.

47 % од фирмите сметаат дека има корупција во јавните набавки.

47 % од фирмите не се жалат на тендерите поради недоверба во Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Фирмите го оценуваат процесот на јавни набавки во земјава со просечна оценка од 2,8 (на скалата од 1 до 5), што е исто како лани.

Доминантни 60 % од фирмите велат дека корона-кризата влијаела негативно врз нивното учество на тендерите.

Мониторингот на јавните набавки се спроведува во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи