ВИДЕО – Пристигнаа вакцините на Синовак во Прилеп, се очекува забрзување на темпото на вакцинација

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


3.000 вакцини на Синовак утрово пристигнаа на пунктот за имунизација во Прилеп. Со овие количини се очекува да се засили темпото на вакцинација. Денеска за вакцинација биле пријавени околу 800 граѓани, а вчера се вакцинирале 900. Досега во Прилеп се вакцинирале околу 12.000, од кои 4.000 примиле и ревакцина, а уште околу 3.000 прилепчани се вакцинирале на други регионални пунктови. Моменталниот пункт во градот има капацитет да вакциниира по 1.000 граѓани дневно.

Старосната граница на граѓаните кои се вакцинирани е различна, односно граѓаните кои се обратиле и се најавиле на Мој Термин, над 60 години, сите кои се пријавиле се опфатени во системот или се во фаза на вакцинирање или се веќе имунизирани, а се вакцинираат и онии граѓани под 60 години односно под 40 години“, изјави Кети Смилеска, директорка на општа болница Прилеп.

Во тек биле преговорите со Стопанската комора за да се започне и со масовна имунизација во фирмите на оние граѓани кои веќе се пријавиле за вакцина. Денеска граѓаните во Прилеп се вакцинираа со Фајзер и Синовак, а се вршеше и ревакцина со Синофарм и Астра Зенека.

Заинтересираноста за Фајзер е поголема, во суштина станува збор за лично право на да си избери со која вакцина сака, меѓутоа останува главната препорака дека сите вакцини се безбедни добри и дека. Нивната главна цел е да не заштитат од тешка клиничка слика, односно од смрт, така што јас би им препорачал на граѓаните да не избираат многу со која вакцина ќе се имунизираат така што да се вакцинираат со првата достапна вакцина“, истакна д-р Сашо Пуцакоски, кој ја следи работата во вакциналниот пункт.

Според директорката на болницата во Прилеп, Кети Смилеска ако се продолжи со овој тренд на имунизација по околу 800 граѓани дневно, за околу 2 недели би можело да се очекува да се започне со слободна вакцинација без претходно закажување.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи