Како генерација достојно ја следиме и чуваме визијата на Пеце Атанасовски – 47-мо издание на фестивалот за народни песни и инструменти

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Наш гостин во Инфо Регион е Горан Василески фолклорист и секретар на Фестивалот за народни песни и инструменти „Пеце Атанасовски“ кој во петок и сабота на 2 и 3 јули ќе се одржи во Прилеп и Рудина во Долнени по 47-ми пат.

Оваа година Комисијата за селекцијата за учесниците имала навистина тешка задача бидејќи се пријавиле околу 600 мина од кои биле избрани околу 350 кои ќе бидат дел од Фестивалот.

Она што пред се најмногу радува е тоа дека се поголем бил интересот кај младите кои сакаат да ја продолжат нашата традиција и култура и кои се повеќе се занимаваат со изучување на фолклорот и практикување на народните инструменти и песни.

Фестивалот ќе започне во петок во 20 часот на камената бина во Прилеп, на плоштадот „Александрија“, а половина час пред почетокот на Фестивалот ќе има мини концерти на учесниците на неколку локации во центарот на градот. Дефиле поради пандемијата ќе нема и оваа година.

Во тек е Семинарот за народни песни и инструменти кој и годинава се одржува онлајн, на него учествуваат 12 семинаристи, а тематиката е традиционалната култура во Мариово.

Фестивалот се финансира исклучиво со државни пари и помош од Општините Прилеп и Долнени, но за негов раст и поголем развој се потребни далеку поголеми суми од тие кои што сега се добиваат.

Повеќе околу фестивалот и дали ние како генерација ја следиме и чуваме визијата која ја имаше Пеце Атанасовски, основачот на овој фестивал, погледнете во интервјуто.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи