Од денеска дистрибуција на вакцините „Синовак“ во сите центри за имунизација

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Петстоте илјади вакцини на кинескиот производител „Синовак“ што ги набави Владата пристигнаа во неделата. Станува збор за најголема пратка вакцини пристигната во земјава.

Министерот за здравство, Венко Филипче посочи дека со ова се спремни за една динамика на давање прва доза на вакцина на 10 до 15 илјади граѓани на ден, како и дека од 15-ти или 20 јули е предвидена да започне теренската вакцинација.

За ефикасноста и безбедноста на вакцината „Синовак“, Филипче порача дека таа е високо ефикасна за превенција на тешка болест.

„Еве ги официјалните карактеристики на вакцината Синовак објавени од СЗО – Инкативиран САРС-Ков2 вирус, потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза, високо ефикасна за превенција на тешка болест, се дава мускулно во рамо, препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици. Препорачана за употреба кај доилки, како и кај други возрасни лица“, напиша Филипче на неговиот Фејсбук профил.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи