Маж со Алцхајмер заборавил дека е оженет и повторно ја запросил сопругата


Маж болен од Алцхајмер заборавил дека е оженет и повторно ја запросил сопругата, која пресреќна повторно ја прифатила понудата за брак.

Питер Маршал од САД пред 3 години започнал да ја губи меморијата, а по бројните тестови му била утврдена Алцхајмерова болест. Не можел да се сети ниту на романсата која ја имал со неговата сопруга Лиса, ниту пак на нивната венчавка.

Гледајќи ја нивната омилена серија една вечер, Питер ја погледнал Лиса и повторно ја запросил.

„Овој момент беше прекрасен. Два пати се вљуби во мене. Се чувствувам како принцеза. Јас сум најсреќната жена во светот“, изјавила Лиса.

„Создадовме нови спомени, но ме боли кога ќе го прашам дали се сеќава на нешто од порано, затоа што не може да се сети. Но ние ќе бидеме заедно до крајот на животот. Ништо не може да нè раздели. Ништо“, додала Лиса.

Парот е во брак веќе 12 години. Повторно ги обновија своите завети на 26 април оваа година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи