Finance Think: Еколошката такса ќе донесе поскапувања и кај другите производи

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Еколошката такса ќе ги покачи цените, не само на горивата туку и на другите производи, а ефектите ќе се почувствуваат веднаш, велат од Институтот за економски истражувања Finance Think.

Според институтот, сето тоа ќе ја подгрее и инфлацијата во државава и цените дополнително ќе пораснат на долг рок. Токму поради тоа од Finance Think предлагаат еколошката такса да се воведува етапно.

„Двата ефекта – краткорочниот и долгорочниот – не треба да се потценуваат. Оттука, препорачуваме еколошката такса да се воведе скалесто, 1,5 денари во јули 2021, 1 денар во јануари 2022 и 1 денар во јули 2022. Со тоа, ценовниот ефект, ќе биде дополнително разводнет“, велат од Finance Think.

Со зголемувањето на еколошката такса, цената на бензините, дизелот, екстра лесното гориво и мазутот ќе биде фиксно повисока за 3,5 денари по литар или околу 4,2 денари со ДДВ, а цената на безоловниот бензин би се зголемила за околу 3,1 денар или околу 3,7 денари со ДДВ.

Владата остана на ставот дека прашање на денови е кога ќе се донесе еколошката такса во Собранието и дека нејзин приоритет е заштита на животната средина. Од Институтот препорачуваат да се креира Фонд за зелена транзиција кој ќе осигури дека средствата собрани преку еколошката такса навистина ќе се употребат за поддршка на зелената транзиција во земјата.

По заканите на опозицијата дека ќе го блокираат Законот со амандмани, од Влада истакнаа дека ќе го предложат Законот со европско знаменце, односно како Закон кој мора да се усогласи со правото на Европската Унија, а со тоа да ја оневозможи опозицијата во својата намера.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи