Владата ја усвои Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија 2021-2025


Владата денес ја усвои Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија (НПАА), чија клучна цел е исцртување на националната траекторија за целосна европеизација на земјата или потполно членство во ЕУ, изјави вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, на денешната прес-конференција.

Оваа програма се состои од најобемните стратешки и програмски документи подговтвени од нашите институции и ги дефинира стратешки правци за прилагодување на истите кон европските административни структури.

„Националната програма ги дефинира стратешките правци, динамиката, приоритетите и потребните ресурси и активности за прилагодување на националните институции кон европските административни структури. Клучната цел е исцртување на национална траекторија за целосна европеизација или потполно членство во ЕУ. Политичката порака е многу поголема од самиот документ. Меѓудругото, идејата е да се врати политичката тежина на оваа визија или порака на Владата“, вели Димитров.

Со оваа 2021-2025 НПАА, државата покажува каква е нејзината тенденција, односно во која насока е ориентирана преку премостување и сериозна одлучност во намерата на промени.

„Прво покажуваме дека сме ориентирани кон европеизација и дека знаеме точно што правиме. Второ, демонстрираме дека сме сериозни и одлучни во намерата да се менуваме и дека знаеме точно зошто тоа го правиме. Трето, потврдуваме способност, капацитет, но и верба во сопствените институции, значи знаеме како точно тоа ќе го направиме и четврто, проектираме визија и политички хоризонт подалеку од следните избори“, рече Димитров.

Програмата е изработена согласно новата Методологија за пристапни преговори и поглавјата се групирани во шест тематски кластери: 1) темели, демократија и добро владеење, 2) внатрешен пазар, 3) конкурентност и инклузивен раст, 4) зелена агенда и одржливо поврзување, 5) земјоделство, ресурси и кохезија, 6) надворешни односи.

Вицепремиерот за европски прашања потсети дека првата НПАА е направена во 2005-2006 година и оттогаш таа е предмет на постојана ревизија. Последната ревизија е направена пред четири години.

„Актуелната ревизија на НПАА не е стандардна и се разликува од претходните. Поради тоа што во март 2019 година, земјите членки на ЕУ донесоа одлука за почеток на пристапни преговори на земјата. Исто така, поради тоа што проесот во иднината ќе се движи по правила на нова методологија за зајкнати пристапни преговори и зголемен интерес од земјите членки. Последно, ова е првпат целосно структурирана НПАА според новата кластерска структура, технички и суштински“, вели Димитров.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи