Климатска правда за најмаргинализираните – итна и неопходна акција


Ако правото не е достапно за сите, тогаш и правдата не е достапна за сите. А кога правдата не е достапна за сите, тогаш таа не е право туку привилегија. Оваа застрашувачка реалност, влијае на маргинализираните заедници низ целиот свет – оние кои живеат во сиромаштија, оние кои се дискриминирани и ранливи во едно општество.

Скоро секаде во светот, штетата врз животната средина е концентрирана во неможните и сиромашни заедници. Нееднаквоста овозможува уништување на животната средина, а уништувањето на животната средина ја влошува нееднаквоста. Во овој магинеч круг, клучно е да се препознае како овие сили се испреплетени и како треба да се креира и води борбата со нив.

Правото на здрава животна средина е универзално загарантирано право на секој човек. Сепек, сведоци сме на неизбежни климатски промени кои се случуваат глобално како последица на непоправливите нарушувања и штети кои се направени врз животната средина. Но, како и за многу други нарушувања во балансот, ниту последиците од климатските промени нема да ги сносат сите граѓани подеднакво. Оттука, потребно е посебен фокус да се стави на климатската правда, која гледа на климатската криза низ призмата на човековите права и неверувањето дека со заедничка работа можеме да создадеме подобра иднина за сегашните и идните генерации.

Едни од најмаргинализираните групи на граѓани кои живеат во нашата држава, а особено во Пелагонискиот регион се Ромите и лицата од руралните средини. Бројни фактори низ годините придонеле овие граѓаните да бидат и најизложени на ризиците од климатските промени, а од друга страна да бидат најмалку во можност да се изборат за климатска правда. Токму затоа, СТАНИЦА П.Е.Т. започнува со акција за поддршка на овие заедници во борбата за климатска правда.

Промените на национално и на глобално ниво не се случуваат доволно брзо. Во меѓувреме, заедниците се борат да се заштитат на првите линии на фронтот на климатските движења и сите имаме обврска да ги поддржуваме во таа акција. Тука е и фактот дека не можеме и не треба да го оставиме креирањето на реформите само на експертите. Треба да го искористиме пристапот и лидерството на обичните луѓе од заедниците кои ги живеат штетите врз животната средина. И крајно, кога ќе се воведат некои промени на хартија, тие нема се спроведат во пракса сами од себе. Луѓето ќе им дадат живот на тие промени и ќе ги држат одговорни локалните и националните власти за нивна имплементација.

Нееднаквоста исто како и уништувањето на животната средина влијаат на сите нас. Токму затоа секој може и треба да учествува во акциите за климатска правда.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи